Макрон ќе именува нов премиер
По два дена финални преговори со претставниците на политичките сили, премиерот во заминување Лекорну со оптимистички изјави за излез од кризата.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер во наредните 48 часа-соопшти неговиот кабинет, додавајќи дека мнозинството пратеници се против одржување предвремени парламентарни избори во услови на најтешката криза во Франција во последните децении.
По два дена финални преговори со претставниците на политичките сили, премиерот во заминување Лекорну со оптимистички изјави за излез од кризата.
„Чувствувам дека сè уште е можно да се најде пат. Тешко е, и му кажав на претседателот дека изгледите за распуштање бледнеат и мислам дека ситуацијата му дозволува да именува премиер во следните 48 часа“, изјави Лекорну.
