Ракомет

Металург го доби дербито, Македонија го загуби Мојсовски

18.12.2013 15:51

Големото дерби место пријатни впечатоци , ни остави горчина. Можеби не толку поради тешката повреда на носителот на играта на македонската репрезентација непосредно пред европското првенство од кое многу очекуваме, туку од севкупниот амбиент во 50-тата минута. Повредите биле и се составен дел од спортот, коленото на Мојсо откажа на натпреварот на големите ривали, но истото можеше да се случи и на тренинг, на некој од претстојните контролни натпревари на репрезентацијата. Оттука е бесполезна дискусијата дали средбата требаше да биде одложена.

Големото дерби место пријатни впечатоци , ни остави горчина. Можеби не толку поради тешката повреда на носителот на играта на македонската репрезентација непосредно пред европското првенство од кое многу очекуваме, туку од севкупниот амбиент во 50-тата минута. Повредите биле и се составен дел од спортот, коленото на Мојсо откажа на натпреварот на големите ривали, но истото можеше да се случи и на тренинг, на некој од претстојните контролни натпревари на репрезентацијата. Оттука е бесполезна дискусијата дали средбата требаше да биде одложена. Македонскиот клупски и пред се репрезентативен ракомет загубија многу, барем во наредните 6 месеци, но во моментите кога бевме свесни за сериозноста на повредата и кога Мојсовски од својот репрезентативен колега и клупски ривал Стоилов на раце беше изнесен од теренот, место со аплаузи од трибините  беше испратен со најпогрдни зборови од оние што во најголем дел беа  во Ниш и Белград пред две години, што веруваме беа горди на Наумче и соиграчите:

Мечот нема да остане по добро сеќавање, не толку поради повредата на Наумче, туку поради еден друг момент. - Почуствував гнев, зашто Мојсовски 15 години е репрезентативец на оваа држава, нема потреба така навивачите да се однесуваат. Да го навредуваат со најпогрдни зборови.Во ред е да го исвиркуваат додека игра, но не и кога е повреден, кога беспомошно лежи на паркетот.-изјави Муркуловски по мечот.

Обраќањето на Филип по натпреварот не треба да се свати само како обична изјава, тоа е восклик на очај, прашање без одговор, зошто толку гнев, до кога, против кого?

Дали низ најновиот пример со Мојсовски не добиваме и одговор зошто Пандев се повлекува од репрезентацијата,зошто Ибраими  не бара ништо,само мала поддршка.

Толку ли е тешко да се надминеме себеси, да го поздравиме успехот на подобриот, да дадеме поддршка кога е најпотребно. Зошто толку гнев, заборавивме ли да се радуваме, или е вистина како што некој напиша на социјалните мрежи: „Мали сме , но многу се мразиме“.Зошто?

Зоран Видевски