Европска унија
Европратениците ќе гласаат за недоверба на Европската комисија
09.10.2025 10:22
Европратениците денеска гласаат по две иницијативи за недоверба на Европската комисија, поднесени од десничарската група „Патриоти за Европа“ и Левицата...

Европратениците денеска гласаат по две иницијативи за недоверба на Европската комисија, поднесени од десничарската група „Патриоти за Европа“ и Левицата.
Двете групи ја критикуваат Урсула Фон дер Лајен за политиките кон САД, Газа и трговијата. Таа возврати дека нападите ја поткопуваат ЕУ и му одат во прилог на Путин, кој, според неа, ја поддржува ваквата дестабилизација.
За иницијативите да бидат прифатени, потребни се најмалку 360 гласа – бројка што засега се смета за недостижна.
