МВР

Вчера полициска акција на повеќе локации во Скопје

09.10.2025 08:47

МВР потврди дека инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност извршиле претреси на повеќе места во Ѓорче Петров, Хром и Нерези со цел апсење на дилери на дрога.

Вчера имаше полициска акција на повеќе локации во Скопје за апсење на осомничени од нова криминална група која делувала на поширокото подрачје на главниот град со продажба и дистрибуција на кокаин.

МВР потврди дека инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност извршиле претреси на повеќе места во Ѓорче Петров, Хром и Нерези со цел апсење на дилери на дрога.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврдија дека обвинител е во координација со МВР и дека повеќе детали за акцијата ќе соопштат во текот на денот.