Пелистерци не го сакаат Папанастасатос

28.08.2014 18:28

Фудбалерите на Пелистер нема да патуваат на прволигашкиот дуел со Силекс во Кратово в недела, доколку Советот на општина Битола не ја прифати понудата на домашната компанија „Цермат“ и му го додели клубот на анонимниот втор понудувач, кипарскиот бизнисмен, Габриел Папанастасатос.

Ова е суштината на соопштението кое Стручниот штаб и фудбалерите на ФК Пелистер го објавија на социјалните мрежи денеска.

Одлуката за идната сопстеничка структура на битолскиот фудбалски бренд треба да биде донесена утре, а играчите и луѓето од струката во Пелистер го искажаа цврстиот став дека клубот треба да биде во сопственост на македонската компанија „Цермат“.

Битолчани и покрај проблемите одлично стартуваа во новата прволигашка сезона со три победи на петте дуели и се наоѓаат на 4-та позиција на табелата.