Круши - одличен избор како здрава и природна ужина
Покрај добриот вкус, крушите се богати и со хранлива вредност. Средната круша е добар извор на витамин Ц и растителни влакна. Помагаат во подобрување на дигестивниот систем и може да придонесат за намалување на ризикот од различни заболувања...

Крушата е вкусен и здрав плод познат по својот сладок вкус и сочност. Покрај добриот вкус, крушите се богати и со хранлива вредност. Средната круша е добар извор на витамин Ц и растителни влакна. Помагаат во подобрување на дигестивниот систем и може да придонесат за намалување на ризикот од различни заболувања.
Ова овошје содржи и калиум, витамин К, магнезиум и витамини од групата Б, за намалување на крвниот притисок. Крушите се богати со многу биоактивни соединенија кои исто така обезбедуваат низа здравствени придобивки, вклучително и намалување на ризикот од хронични болести.
Свежите круши се извонреден извор на калиум. Една круша со средна големина содржи 210 мг калиум. Крушата е природен чувар на срцето и крвните садови. Овој минерал учествува во регулацијата на срцевиот ритам, во мускулната контракција, во преносот на нервните импулси и во метаболизмот на белковините и јаглехидратите. Ја регулира работата на крвниот систем и учествува во изградбата на коските и забите.
Фото: / wholefoodsmarket
