Локални избори 2025

Левица со активности во скопски општини

09.10.2025 17:10

Продолжуваат активностите на Левица со активности во скопските општини Аеродром и во Центар. На непосредните средби со граѓаните посочија дека во фокусот на работата на нивните градоначалници и советници ќе биде најгорливиот проблем - загадувањето на животната средина …

Претставувајќи ја програмата пред жителите на Кисела Вода, Центар и Аеродром, Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, потенцира дека досега биле третирани само симптомите, наместо изворите на аерозагадувањето. Смета дека треба да се зголеми бројот на инспектори за животна средина, да се опремат со дронови за поефикасна работа на терен, но и да се унапреди соработката со Министерството за животна средина. Според Мециновиќ, потребен е инспекциски надзор над индустриските капацитети, кои како што додаде, се најголемиот аерозагадувач.

Приоритет број еден е чиста општина, рече кандидатот за градоначалник на Аеродром, Марјан Димитриев.

Од Левица, на 19-ти октомври очекуваат поддршка од граѓаните. Кандидатот за градоначалник на Скопје, Мециновиќ, како што вели, сигурно влегува во вториот круг.

 

Милчо Велевски