Кој ќе ја наследи Катрин Ештон?

28.08.2014 18:32

Во сабота дефинитивно ќе се знае кој ке ја наследи бароницата Катрин Ештон на позицијата висок преставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност.  Во најтесниот избор остануваат шефовите на дипломатиите на Италија и Полска, Фредерика Могерини и Радослав Сирковски. Истиот ден  ке се бира односно ке се потврди и најоглемиот дел од новиот состав на Европската Комисија како и  председателот на Еврогрупата.

За Македонија и за целиот регион воопшто од исклучителна важност останува комесаријатот за проширување, за кој пак , по изјавата на новиот председател на Европската Комисија Жан Клод Јункер дека нема да има нови членки во ЕУ во наредните пет години , проструи информација дека е можно негово укинување.  За МТВ портпаролот на актуелниот комесар Штефан Филе изјави дека станува збор за чиста шпекулација.

„Во овој момент е чиста шпекулација да се говори дали ке има или пак не комесаријат за проширување. Ке повторам дека ЕУ неколку пати ја потенцираше  важноста на политиката на проширување. Тоа е клучна полтика, најуспешна политика на ЕУ, и неколку пати повторувано од страна државите членки а тоа е дека проширувањето е во ДНК та на Европската Унија“, рече Петар Стано, портпарол во Европската Комисија

Инаку за комесаријатот за проширувањена Унијата пак најсериозни кандидати се поранешниот бугарки премиер Сергеј Станишев и актуелниот министер за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчек. Комесарот  Стефан Фуле ке го заврши својот мандат на крајот на октомври.