Проекти за чист град и побогата културна програма, најавија ЗНАМ за Куманово
Проекти за чист град и соработка со невладините организации ветува кандидатот за градоначалник од ЗНАМ во Куманово. Најавуваат и богата културна програма и поддршка за младите таленти...

Чиста и здрава животна средина, намалување на дивите депонии, се дел од проектите за коишто ќе се залага Општина Куманово, истакна кандидатот за градоначалник од ЗНАМ Димитриевски, по средбата со претставници на невладини организации, кои рече се партнер кој дава придонес во решавање на проблемите.
„Подигнување на нивото на квалитетот на животот, намалување на број на диви депонии, секојдневната хигиена активното учество на младите и осврт и на Ромите како една од важна заедница во градот подобрување на нивниот живот“, истакна Димитриевски.
Од советничката листа на ЗНАМ со ветувања ќе се поддржуваат културни активности. Програмата ќе биде побогата.
„Кумановско културно лето со концерти, театар и уметнички програми на Спомен костурницата. Летен филмски фестивал на отворено за промоција на филмската уметност. Рок и фестивал – музички собир на локални и регионални рок-групи. Театар на отворено на Спомен-костурница. Денови на детски игри и смеа – креативни активности за децата. Денови на пензионери – културни и рекреативни содржини за повозрасните“, дополни Пауновиќ.
Куманово ќе остане град на уметноста и традиција.
Елена Георгиева
