Касами претстави дел од проектите во неговата програма
Кандидатот за градоначалник на Тетово Биљал Касами, претстави дел од проектите во неговата програма за културно-уметнички развоја на градот. Ветува поддршка на младите креатори за градот под Шара да ги развива своите културни вредности. Најави формирање на општинска културна установа нови културно уметнички манифестации.

Во првиот мандат го разбудивме културниот дух на Тетово и го претворивме во културен и уметнички центар за жителите, изјави кандидатот за градоначалник на Тетово Биљал Касами. Посочи дека со низа настани и богати културни содржини градот добил нов – културен лик, а, тетовско лето ги обединило сите генерации.
Касами ветува поддршка за културата и уметноста и во наредниот мандат, со што, како што рече ќе се погрижи градот да ги развива своите културни вредности.
Во програмата на Касами предвидено е да се формира општинска културна установа и воведување на нови културно уметнички манифестации и поддршка на младите креатори.
Кандидатот за градоначалник, кој се трка за втор мандат, Касами, посочи дека Тетово е жив и атрактивен град на уметноста и културата, а, развојот кој го постигнал заедно со својот тим изминатите 4 години не смее да запре. Порача-Тетово не смее да се враќа назад, туку ќе продолжи напред со второто поглавје на развојот, уште повеќе, подобро и посилно.
Наташа Гркова-Петрушевска
