Порошенко: Руски трупи извршија инвазија врз Украина

28.08.2014 18:37

Руските воени трупи извршија инвазија врз Украина обвини претседателот Порошенко кој итно го свика Националниот совет за безбедност. Проруските бунтовници со поддршка од Русија го зазеле стратешкиот град Новоазовск во близина на руската граница. Воени аналитичари коментираат дека целта на бунтовниците е да формираат копнена врска меѓу Русија и Крим, со што Москва би добила контрола врз азовското море, како и врз богатите гасни и минерални наоаѓалишта во регионот.

„Поради тоа што руските трупи вистински влегоа на украинска територија, одлучив да ја одложам посетата на Турција и покрај 7-те планирани билатерални средби кои што очајно и се потребни на Украина. Местото на украинскиот претседател денес е во Киев“, рече Петро Порошенко, претседател на Украина.

Москва негира присуство на нејзини сили во украина. Лидерот на про руските бунтовници, Александер Захарченко потврдил дека на нивна страна се борат околу 3 илјади руски доброволци.

„Тие се борат со нас, сметајќи дека тоа им е должност. Ќе откријам и уште нешто. Во моментов има многу војници кои што преферираат сега да бидат со нас, со браќата кои што се борат за својата слобода, наместо на некоја плажа“, рече Александер Закарченко, премиер на самопрогласена Доњецка Република.

И додека САД констатираат дека Русија  има своја војска 48 километри на украинска територија, но и дека русите испратила нови колони тенкови и оклопни возиила во соседната земја, германската канцеларка Ангела Меркел бара директно објаснување од рускиот претседател Путин за новата воена офанзива.ЕУ изрази голема загриженост поради ескалацијата на состојбата во Украина. Од дел од политичарите се бараат поостри санкции против москва.

Обсе вонредно заседава за кризата во украина.  Литванија бара да се состане советот за безбедност на обединетите нации, а во меѓувреме украинската војска се  се утврдува во градот Мариупољ, кој се смета за следна цел на бунтовниците.