Истрага против четири лица за препродавање на дрога
Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истрага против четири лица осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, а едно лице и за недозволено поседување оружје...

По повеќемесечна предистражна постапка, МВР во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција спроведе акција на повеќе локации во Скопје, при што се пронајдени кокаин, марихуана и муниција.
Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истрага против четири лица осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, а едно лице и за недозволено поседување оружје.
Според Обвинителството, осомничените од февруари до октомври годинава организирано продавале кокаин по цени од 4.000 денари и марихуана за 500 денари за грам.
Ценејќи дека постои опасност од бегство и повторување на делото, обвинителот побара мерка притвор за сите четворица осомничени.
