Србија
Стапија во сила американските санкции против Нафтената индустрија на Србија
09.10.2025 20:04
Компанијата објави дека во моментов се обезбедени доволни резерви на нафта за преработка, а бензинските станици се соодветно снабдени. Српскиот претседател Вучиќ изјави дека гориво ќе има до крајот на годината...

Од денеска, во сила се американските санкции против Нафтената индустрија на Србија поради мнозинската руска сопственост во компанијата. Компанијата објави дека во моментов се обезбедени доволни резерви на нафта за преработка, а бензинските станици се соодветно снабдени. Српскиот претседател Вучиќ изјави дека гориво ќе има до крајот на годината.
Вашингтон ги најави санкциите уште во јануари, но нивната примена беше повеќепати одложувана.
