Локални избори 2025

Кампањата во втората половина, партиите на терен

10.10.2025 08:12

Кандидатите и носителите на советничките листи на политичките партии, коалициите и независните, до граѓаните со пораки за големи визии, и ветувања за подобра општина...

Кампањата за локалните избори е во втората половина. Кандидатите и носителите на советничките листи на политичките партии, коалициите и независните, до граѓаните со пораки за големи визии, и ветувања за подобра општина.

Карванот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на југот од земјава. Планирани се средби со граѓаните во Дојран, Валандово, Богданци и во Гевгелија.

СДСМ и коалицијата пак, ќе ја претстави изборната програма пред жителите на Сопиште, Брвеница, Ѓорче Петров и Гази Баба.

Во Битола својата програма ќе ја претстават кандидатот за градоначалник и за советници од Левица. Трибини и прес-конференции се најавени и од партиите од албанскиот блок, помалите партии и независните кандидати.