Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори
За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена и соодветна медицинска документација.

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица, за гласање на локалните избори. Според роковникот на Државната изборна комисија, немоќно или болно лице, кое сака да гласа, треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање.
За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена и соодветна медицинска документација.
На 14-ти октомври пак, завршува рокот за пријавување на лицата кои издржуваат мерка куќен притвор. Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови, гласаат еден ден пред изборите, на 18-ти октомври.
Во посебниот избирачки список се запишани 2.162 избирачи кои се на издржување казна затвор или се во притвор, и 450 од домови за стари лица.
