Македонија

Одбележување на Денот на МАНУ

10.10.2025 09:19

На одбележувањето ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашните добитници Емилио Марин и Ивица Баковиќ.

По повод Денот на Македонската академија на науките и уметностите денеска во Свечената сала на Академијата ќе се одржи одбележување на кое свое обраќање ќе има претседателот на МАНУ академикот Живко Попов.

На одбележувањето ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашните добитници Емилио Марин и Ивица Баковиќ.

Пригодни говори ќе одржат академиците Вера Битракова-Грозданова и Марјан Марковиќ.