Милевски: Ќе сториме сè за да ја оствариме нашата цел
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот во Гент ќе се соочи со фаворитот во групата – селекцијата на Белгија...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот во Гент ќе се соочи со фаворитот во групата – селекцијата на Белгија. По мини-подготовките, избраниците на селекторот Благоја Милевски ги очекува тежок и важен натпревар.
„Горд сум на моите фудбалери, не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации и речиси обезбеден плејоф, покажавме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите. Белгија има неверојатен ростер и останува фаворит, но ние продолжуваме да сонуваме. Ќе сториме сè за да ја оствариме нашата цел“, изјави Милевски.
На првиот меѓусебен дуел одигран во јуни во Скопје, Македонија и Белгија ремизираа 1:1.
