НАТО

Трамп бара исклучување на Шпанија од НАТО

10.10.2025 10:26

Трамп потсети дека во јуни членките на НАТО, се согласија значително да ги зголемат воените трошоци на најмалку пет насто од БДП...

Претседателот на САД, изјави дека Северноатлантската алијанса треба сериозно да размисли за исфрлање на Шпанија поради неисполнувањето на условите за издвојувања на средства за одбраната. Трамп потсети дека во јуни членките на НАТО, се согласија значително да ги зголемат воените трошоци на најмалку пет насто од БДП. Овој потег беше во согласност со неговите барања европските сојузници да преземат поголем товар за сопствената безбедност. Шпанија одби да се обврзе на тој процент, нарекувајќи го несовладлив.

„Ќе соработуваме многу тесно со Финска и со НАТО, имаме многу добри односи. Како што знаете, побарав да платат пет проценти, а не два проценти. И повеќето луѓе мислеа дека тоа нема да се случи, и тоа се случи практично едногласно. Имавме еден што заостануваше. Тоа беше Шпанија. Мора да откриеме зошто заостануваа. Немаат изговор да не го сторат ова. Можеби треба да ги исфрлите од НАТО, искрено“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Помеѓу војните, мирот и економските предизвици, светот е во очекување на објавата на добитникот на Нобеловата награда за мир. Еден од номинираните е и американскиот претседател Трамп.