Рударите го слават својот ден - 28 август
Тешка е рударската мака. Вака раскажуваат старите рудари кои повеќе од 30 години поминале во окното црпејќи од богатството што го дала природата. Слободни денови има, но не знаеме делник и празник. Работата е под стрес и притисок.
„Нонс стоп треба да се внимава, една мала грашка и нема враќање назад“, вели Стојан Фенов рудар во Бучим од Радовиш.

Фенов заедно со уште 12 600 луѓе вработени во рударскиот сектор во Македонија низ 200 фирми го слават Денот на рударите. Денес, се многу подобро платени и заштитени, велат тие. Радовишки Бучим пак, одбележува и 10-годишен јубијел од рестартирањето на ископот на руда. Генералниот директор вели дека постојано работат и инвестираат во подобрување на условите на рударите.
„Заедно со синдикалната организација постојано работиме на подобрување на животните и работните услови на работниците. Во 2014 година во овој период досега сее издвоени за таа намена околу 150 илјади евра само за подобрување на животните и работните услови на вработените“, вели Васил Борутскиј, генерален директор на Бучим Радовиш.
Рударството во Македонија се качува горе на економската скала, тврди заменик директорот на Бучим и претседател на Македонската асоцијација за рударство Николајчо Николов.
„Сите овие метали одат на берза, се извезуваат од Македонија и тоа значително ја поодобри девизната состојба во Македонија“, оценува Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација за рударство.
Лани Бучим од извоз инкасира 60 милиони евра и ја заврши со рекордно ископување на руда.
Катерина Давчева