Култура

Дигитална изложба „Фауна“ од утре на Широк Сокак во Битола

13.10.2025 21:27

Изложбата претставува иновативен спој на урбана уметност, збогатена реалност и еколошка свест, нудејќи нов начин на доживување на јавниот простор.

Францускиот институт во Скопје ја најавува дигиталната изложба „Фауна“, која ќе биде поставена во центарот на Битола, на Широк Сокак, од 14 октомври 2025 година и ќе трае еден месец.

Изложбата претставува иновативен спој на урбана уметност, збогатена реалност и еколошка свест, нудејќи нов начин на доживување на јавниот простор.

Во рамки на проектот „Дигитални уметности, иновации и млади“, „Фауна“ се состои од постери во голем формат кои оживуваат преку апликација за зголемена реалност, откривајќи скриени животински форми во пејзажот. Публиката ќе може да ги набљудува како интерактивна игра што поттикнува нов поглед кон урбаното окружување.

Автор на изложбата е францускиот уметник и актер Матје Пуле, кој во рамки на проектот ќе одржи и семинар за наставници по француски јазик, креативни работилници за ученици, и водени тури низ изложбата на 18 октомври во 11:30 и 12:30 часот, со поаѓање од Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Настанот се реализира во соработка со НВО Центар за деконтаминација од Битола и Француската алијанса во Битола.