Култура

Концерт на Оркестарот на Музичката младина на Македонија на „Денови на македонска музика“

10.10.2025 19:32

Како солисти ќе се претстават Мила Јаневска и Хелена Суша (сопрани) и Калина Христовска (перкусии). Публиката ќе ужива во дела од македонски композитори Стојан Стојков, Јана Андреевска, Гоце Коларовски и Тома Прошев.

Во рамките на 48 Денови на македонска музика, во понеделник, 13 октомври 2025 година, од 20 часот во Камерната сала на Филхармонија, ќе настапи Оркестарот на Музичката младина на Македонија под диригентската палка на Ангел Спироски.

Како солисти ќе се претстават Мила Јаневска и Хелена Суша (сопрани) и Калина Христовска (перкусии). Публиката ќе ужива во дела од македонски композитори Стојан Стојков, Јана Андреевска, Гоце Коларовски и Тома Прошев.

Влезот е слободен.