Здравство

Повторно дежурства на детското одделение во охридската болница

10.10.2025 15:48

По четири години пауза ре-отворено детското одделение во Охрид. Конечно решен проблемот со недостигот на лекари педијатри и обезбедување здравствени услуги за најмладите од Охрид, кои изминативе години беа принудени да патуваат во Струга …

Повторно започна со работа детското одделение во охридската болница. По четири години, откако беше затворено поради недостиг на педијатри, конечно се обезбедени шест специјалисти за исполнување на трисменски дежурства.

Конечно децата од Охрид ноќе, во викенди и за празници, нема да мора да патуваат во Струга, потребните здравствени услуги ќе ги добиваат во охридската болница.

„Тоа одделение уште повеќе ќе се екипираВо претходните месеци се извршени и одредени реновирања и санации на одделението за да се создадат оптимални услови за функционирање, значи се изврши санација на санитарните јазли, се изврши молерисување на целото одделение“, рече д-р Горан Маркоски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Во еден месец на детското одделение во Охрид се извршени околу 1.000 прегледи, а биле хоспитализирани 50-тина деца.

„Работиме постојано, значи фреквенцијата на пациенти обично е околу 50 прегледи дневно. Нормално, бројот на прегледи е значително поголем за време на викенди, кога не работат и матичните лекари. И најголем број од дечињата ги водиме преку дневна болница“вели д-р Македонка Митреска-Наумоска, специјалист педијатар.

Детското одделение работеше како амбуланта, а децата од Охрид се згрижуваа во струшката болница. Најкритично беше во време на вирози, празници и во текот на туристичката сезона.

Соња Рилковска