Радванска на трибини!

28.08.2014 18:59

На тенискиот гренд слем во Њујорк, второто коло ја донесе првата елиминација на една од елитните десет фаворитки. Четвртата носителка Радванска загуби од Пенг со 6-3 и 6-4. другите дами од врвот на тенисот беа успешни. Второрангираната Халеп ја совлада Цепелова во два, а петтата фаворитика Шарапова ја прати на трибините Дулгеру со пресврт во три сета. Со 2-0 сигурни беа и Кербер против Кудрјавцева, Јанковиќ со Пиронкова и Вознијацки со Саснович.

На тенискиот гренд слем во Њујорк, второто коло ја донесе првата елиминација на една од елитните десет фаворитки. Четвртата носителка Радванска загуби од Пенг со 6-3 и 6-4. другите дами од врвот на тенисот беа успешни. Второрангираната Халеп ја совлада Цепелова во два, а петтата фаворитика Шарапова ја прати на трибините Дулгеру со пресврт во три сета. Со 2-0 сигурни беа и Кербер против Кудрјавцева, Јанковиќ со Пиронкова и Вознијацки со Саснович. Денеска, исто така во втората рунда, најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс ќе игра со Кинг, треторангираната Квитова со сонародничката Четковска, Бушар која е седма на скалата со Кристеа, а осморангираната Ивановиќ ќе сервира против Плишкова.

На терените на „Флашинг Медоуз“ засега во игра за тронот се најдобрите десет тенисери. Третиот носител Вавринка ноќеска се радуваше против Белучи со 3-1, шестиот Бердих го совлада Хјуит со 3-0, а сет не загуби ниту седморангираниот Димитров против Херисон. на четвртиот натпреварувачки ден публиката ќе ужива во мечевите на Ѓоковиќ со Матие, на Раониќ со Гојовчик, на Мареј со Бачингер. Цонга за противник го има Недовјесов, а Нишикори – Андухар.