„Вреди“ одржа митинг во Арачиново
„Вреди“ донесе конкуренција на политичката сцена, конкуренција во идеи и во програми, рекоа од блокот партии обединети во еден блок на митингот што синоќа го одржаа во Арачиново. Оттаму велат дека на овие локални избори се одвива политичка битка во која, граѓаните треба да одлучат кој повеќе ќе направи за општините...

Цели три децении на собирите во Арачиново се говори за вода за пиење, канализација, неасфалтирани улици, за каналите кои шират болести и депонии кои не трујат секој ден. Три децении жителите на оваа општина се користени како гласачка машина, а потоа се заборавени, рече кандидатот за градоначалник на Арачиново од „Вреди“, Даут Беќири. Тој додаде дека на 19-ти октомври нивниот глас ќе биде глас за големата реформа во Арачиново.
На митингот говореше и кандидатот за градоначалник на Чаир, Меџити.
„Вреди“ ветува подобра економија, земјоделство и други решенија за граѓаните.
Фиљана Кока
