Свет

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

10.10.2025 13:59

Нобеловиот комитет соопшти дека ја наградува за нејзината неуморна работа во промовирањето на демократските права на народот на Венецуела и за нејзината борба за постигнување праведна и мирна транзиција од диктатура во демократија.

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година.

Нобеловиот комитет соопшти дека ја наградува за нејзината неуморна работа во промовирањето на демократските права на народот на Венецуела и за нејзината борба за постигнување праведна и мирна транзиција од диктатура во демократија.

Меѓу номинираните за годинашната награда за мир беше и американскиот претседател Трамп.