Кандидатите на „Левица“ ја претставија програмата пред кавадарчани и скопјани
„Левица“ се претстави во Кавадарци. Кандидатите најавија еколошки мерки, заштита на работниците, реформа на локалната администрација и ревизија на урбанистички планови. Кандидатот за Скопје ја претстави визијата за транспарентност и за дигитализација на градот...

Еколошки мерки, заштита на работниците и ревизија на урбанистичките планови во Кавадарци, кандидатите за советници од „Левица“ во оваа општина ги најавија приоритетите проекти со кои ја бараат довербата од граѓаните. Пред кавадарчани ветуваат и дестилерија, која како што рекоа, треба да донесе економски раст.
Кандидатите од „Левица“ најавија борба за човековите права и за лозарите.
Во Скопје, пак, кандидатот на „Левица“ за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ ја промовираше неговата визија за транспарентност и за дигитализација на градот.
Мециновиќ се залага за нов модел на комбиниран јавен превоз, за нов генерален урбанистички план, борба со загадувањето, ставање крај на приватизацијата на јавните претпријатија, како и за подобрување на градската хигиена. Од Кавадарци и Скопје, карванот на „Левица“ се префрли во Битола, каде кандидатите ја претставуваат партиската програма.
Наташа Гркова – Петрушевска
