Одложен рокот за пререгистрација на земјоделците.

29.08.2014 13:34

Од јануари идната година земјоделците треба да се пререгистрираат. Добиените податоците ќе бидат за потребите на здравственото и пензиско осигурување и за Управата за јавни приходи.

Одложен рокот за пререгистрација на земјоделците. Наместо од 1 јуни оваа обврска ќе важи од први јануари идната година.
Пререгистрација ќе се прави  заради усогласување со Законот за земјоделство и рурален раразвој со усогласување на податоците за пензиско и здравствено осигурување и Управата за јавни приходи.

Одложувањето на пререгистрацијата, според министерството  е неопходна од технички причини и поради поврзувањето на електронските системи на институциите.

Пролонгирањето ќе им помогне и на земјоделците без тешкотии и навреме  да ја почнат постапката.