Фудбал
Македонската фудбалска репрезентација на мегдан со Белгија
10.10.2025 13:07
Натпреварот се игра во Гент, а дуелот одлучува кој по ова коло ќе биде прв во групата...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на мегдан со Белгија. Натпреварот се игра во Гент, а дуелот одлучува кој по ова коло ќе биде прв во групата.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски од средата се во Гент, а синоќа одржаа и тренинг на теренот каде вечерва се игра натпреварот. Противникот е селекција, каде најголемиот дел од фудбалерите настапуваат во петте најсилни лиги во Европа.
Бранко Чупески известува од Гент. Преносот од натпреварот е на МРТ1 од 20:45.
