Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со државниот врв
За време на престојот во Скопје, Фон дер Лајен ќе има одвоени средби со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во рамки на балканската турнеја во среда ќе пристигне во Македонија.
Македонија е последната станица на шефицата на Европската комисија по Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија, Косово. Таа ќе ја повтори поддршката на ЕУ за патот на пристапувањето на Западниот Балкан во Унијата и постепениот пристап до единствениот европски пазар, и ќе разговара за Планот за раст на Западен Балкан за реформи вреден 6 милијарди евра достапен во периодот од 2024 до 2027 година.
Фон дер Лајен во Македонија ќе има средби со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Ова е петта посета на претседателката на Европската комисија на регионот за ја повтори важноста на Западниот Балкан за ЕУ.
