Фатон Љури седна на обвинителна клупа, призна дека го прегазил Југослав
Призна вина дека го прегазил Југослав Николовски со мотоцикл во пешачка зона, но не и дека не му пружил прва помош.Фатон Љури седна на обвинителна клупа. Обвинителството вели, имаме доказ со кои ќе докажеме дека Љури побегнал од местото.

„Се чувствувам виновен за сообраќајната несреќа, изразувам сочувство до фамилијата. Јас му давав помош, двајца полицајци беа таму“ – рече обвинетиот Фатон Љури, кој призна дека со мотоцикл го прегазил скопјанецот Југослав Николовски во пешачка зона, но негираше дека не му дал прв помош.
Се терети за две кривични дела односно за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување на помош при сообраќајна несреќа.
Обвинителката, рече дека ќе докажат дека Љури, кој возел на недозволено место и без дозвола, по несреќата побегнал од местото, иако Југослав се стекнал со тешки повреди на кои подоцна им подлегна.
„Обвинетиот по несреќата го оставил мотоциклот и го напуштил местото на несреќата. Сопатникот на мотоциклот, иако повреден, покажал доблест и останал на местото додека да дојде увидната екипа.“ – стои во соопштението.
Фамилијата на Николовски ќе бара отштета.
Судот ја раздвои постапката, за делото кое Љури го негира ќе се изведуваат докази.
Ана Јосифоска
