Ментално здравје

И по шест месеци од Кочани се бара психолошка поддршка

10.10.2025 15:37

И по шест месеци од трагедијата, последиците се видливи. По пожарот во Кочани, сè повеќе луѓе бараат психијатриска и психолошка помош. Младите страдаат од депресија и анксиозност.

На повредените или индиректно засегнати од пожарот во Кочани, сè уште им се пружа психијатриско-психолошка помош. Лузните заздравуваат, но борбата со менталните нарушувања ќе трае, вели директорката на Клиниката за психијатрија, Славица Арсова. Таа објаснува дека пожарот предизвикал страв кај сите.

Воведен е скрининг за депресија кај младите, обврската е на матичните лекари.

Најчести предизвици кај младата популација се анксиозните, но треба да се внимава на депресивните.

 

Александра Велинова