Мерседес најмоќен, Рено најефикасен, Ферари најжеден
Во пресрет на новата сезона во Формила 1 која ќе биде карактеристична по враќањето на В6 турбо моторите, производителите на агрегати финишираат со изработката на новите мотори. Утре новиот агрегат официјално ќе го претстави Ферари, додека неколку дена порано своите мотори ги претставија Рено и Мерцедес. Иако според првичните тестови покажал одлични резултати, неофицијално покрај тоа што има најголем вртежен момент во споредба со конкурентите моторот на Ферари троши премногу гориво што е сериозен проблем откако ФИА ја ограничи количината на гориво во резервоарот на 100 кг. за 2014-та.

Во пресрет на новата сезона во Формила 1 која ќе биде карактеристична по враќањето на В6 турбо моторите, производителите на агрегати финишираат со изработката на новите мотори. Утре новиот агрегат официјално ќе го претстави Ферари, додека неколку дена порано своите мотори ги претставија Рено и Мерцедес. Иако според првичните тестови покажал одлични резултати, неофицијално покрај тоа што има најголем вртежен момент во споредба со конкурентите моторот на Ферари троши премногу гориво што е сериозен проблем откако ФИА ја ограничи количината на гориво во резервоарот на 100 кг. за 2014-та. Според истите извори моторот на Мерцедес би требало да е најсилен, додека на Рено не е многу моќен, но е најефикасен.
Сепак, првите поконкретни податоци ќе се знаат по тестирањата на моторите вградени во болиди што ќе почнат кон средината на јануари.
