Ѓоковиќ експресно, Ивановиќ елиминирана
Во второто коло на тенискиот “Грен слем“ УСА Опен, првиот носител Новак Ѓоковиќ го декласира Анри Пол Матје во три сета, со 6 : 1, 6 : 3 и 6 : 0. Многу потешко за третото коло се избори петторангираниот Милош Раониќ, кој во два од четирите сета против Петер Гојовчик играше “тај брејк“. Од Топ 10 фаворитите натаму одат деветтиот Жо Вилфред Цонга кој со 3 : 0 го елиминира Надовјесов, какои Кеи Нишикори, кој ги освои првите два сета против Андухар, по што ривалот го предаде мечот поради повреда. Во две пресметки се играше по пет сета, и двете завршија со пресврт.

Во второто коло на тенискиот “Грен слем“ УСА Опен, првиот носител Новак Ѓоковиќ го декласира Анри Пол Матје во три сета, со 6 : 1, 6 : 3 и 6 : 0. Многу потешко за третото коло се избори петторангираниот Милош Раониќ, кој во два од четирите сета против Петер Гојовчик играше “тај брејк“. Од Топ 10 фаворитите натаму одат деветтиот Жо Вилфред Цонга кој со 3 : 0 го елиминира Надовјесов, какои Кеи Нишикори, кој ги освои првите два сета против Андухар, по што ривалот го предаде мечот поради повреда. Во две пресметки се играше по пет сета, и двете завршија со пресврт. Напрвин Кузњецов го сврте дуелот со Вердаско по негатива од 1 : 2, а уште поголем подвиг оствари Робредо, кој од 0 : 2 со Болели на крајот славеше со 3 : 2.
Кај жените Серена Вилијамс ја потврди фаворитската улога откако ја прегази Вани Кинг, препуштајќи и само гем во двата сета, а третата на ВТА листата Квитова имаше исто така само посеиозен тренинг со Четковска. Седмата носителка Бушар големи искушенија против Кирстеа, која ја победи со 2 : 1 а турнирот заврши за осморангираната Ивановиќ, која налета на расположената Плишкова и загуби во два сета.
