Коцевски со реакција до Адвокатската комора
Реагира дека дел од адвокатите си дозволуваат јавно да го коментираат поднесеното обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ и да изнесуваат оценки за траењето на судската постапка, иако не се запознаени со содржината на обвинението, со доказниот материјал или планираната динамика за рочиштата...

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски испрати писмо до Адвокатската комора. Реагира дека дел од адвокатите си дозволуваат јавно да го коментираат поднесеното обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ и да изнесуваат оценки за траењето на судската постапка, иако не се запознаени со содржината на обвинението, со доказниот материјал или планираната динамика за рочиштата. Коцевски предупреди дека ова е во спротивност со професионална етика на адвокатите.
„Изнесувањето неосновани проценки во поглед на долгото траење на судската постапка наштетува на угледот на судот и претставува обид истиот да се прикаже како спор и неефикасен, иако судењето воопшто не е започнато“, предупреди Коцевски.
