Притвор за сопственикот на „Марковски компани“
Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“ му е определена мерка притвор...

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“ му е определена мерка притвор, соопшти Јавното обвинителство.
Со ова, како што се наведува во информацијата, е уважена жалбата и аргументите изнесени од битолското обвинителство, особено во поглед на ризикот од бегство на осомничениот, и е преиначена одлуката на судијата на претходна постапка.
Посочуваат дека ОЈО Битола сè уште не е известено за одлуката по поднесената жалба на мерката куќен притвор за осомничениот раководител во РЕК Битола.
