Локални избори

Продолжува предизборната кампања

11.10.2025 10:00

Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните.

Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните.

Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Желино, Теарце, Тетово и Јегуновце.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“. Денеска имаат собири во Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево и Прилеп.

Со предизборниот карван продолжуваат и Левица и ЗНАМ, како и Националната алијанса за интеграција и ВЛЕН. На терен и независните кандидати.