Воен конфликт
Се интензивираат руските напади во Украина
11.10.2025 10:32
По масовните напади кои оставија над 800 илјади луѓе без струја во Киев, руските сили удрија и врз енергетската и цивилна инфраструктура во Одеса...

Додека вниманието на светот е насочено кон Блискиот Исток, украинскиот претседател Зеленски го обвини Путин за интензивирање на нападите врз Украина и уништувањето на енергетските постројки.
По масовните напади кои оставија над 800 илјади луѓе без струја во Киев, руските сили удрија и врз енергетската и цивилна инфраструктура во Одеса.
Зеленски бара поголема поддршка и акција од сојузниците во заштитата на овие објекти.
