Атлетика

Освојувачи на дијамантскиот сјај

29.08.2014 13:44

Цирих, местото со претензија да биде кулминација  од гламурозната „Дијамантска лига“, само делумно ги исполни очекувањата на атлетскиот свет. Најславниот атлетски митинг  кој со децении наназад го сублимира волшебството на атлетскиот спорт во само една вечер, во синоќешното издание понуди привлечност од поинаков карактер. Изостанаа неодминливите  обиди за рекордни резултатски  дострели. Магијата се сведе на дузина интересни натпреварувања  за бодовите, кои го формираа конечнииот редослед по 13-те одржани митинзи. Ѕвезди на вечерта имаше неколку.

Најџел Амос на 800 метри ја доби трката против светскиотв рекордер Кениецот Дејвид Рудиша со солиден резултат од 1:43.77.Американецот ЛеШон Мерит во отсуство на Кирани Џејмс лесно ја потврди супериорноста на 400 метри, иако резултатот од 44.36 е далеку  од оние со светска вредност. Долгогодишната спринтерка на Јамајка Вероника Кемпбел-Браун  победи на „стотка“ со скромни за неа 11.04, но поважни се почестите од брзината на тартанот. На  100 метри со пречки, дисциплината со многу силна конкуренција слави Американката Даун Харпер.Одделни технички дисциплини му внесоа дух на драматичност на митингот.

Со последниот трискок долг 17.51, Американецот Кристијан Тејлор победнички ја завршува сезоната. И Русинката Марија Кучина  во последниот обид  се извиши над 198 сантиметри, оневозможувајќи ја Хрватката Шимиќ да му се радува на најголемиот успех во кариерата. „Дијамантската лига“ на славниот „Лецигрунд“ стадион во Цирих ги доби лауреатите за 2014 година. Најуверливото победничко име е Сандра Перковиќ, чиј диск перманентно леташе најдолго. Со 30 освоени бодови таа е најуспешната во серијата од 13 митинзи. Победниците имаат  и солиден паричен надомест. Секоја победа носеше десет илјади американски долари, најуспешните во секоја дисциплина добиваат по 40 илјади долари, а највредното се спектакуларно креираните дијаманти, изработени во една од најстарите јувелирници на светот. Сезоната од „Дијамантската лига“ ќе заврши на 5 септември во Брисел со традиционалниот „Меморијал Иво Ван Дам“, на кој ловот на бодови ќе биде заменет со светски резултатски дострели и промоција на најдобрите.

Дијамантска лига:победници по досциплин:

Мажи:                                                                       Жени:

200м: Алонсо Едвард(Пан)  19 бодови       100м: Вероника Кемпбел-Браун(Јам) 10

400м: ЛеШон Мерит(Сад)   26                     1500м: Џенифер Симпсон(Сад)  17

800м: Најџел Амос (Боцвана) 14                  3000м/п: Хивоп Ајалев(Ет)   19

400м/п: Мајкл Тинсли (Сад) 21                   100м/п:  Даун Харпер(САД)  21

5000м: Калеб Ндику (Кен) 15                      Скок во височина:Марија Кучина(Рус)18

Трискок: Кристијан Тејлор(Сад) 20          Скок со стап: Фабиана Мурер(Бра) 20

Фрлање копје: Томас Релер (Гер) 15           Скок во далечина:Т.Бартолета(Сад)

Фрлање ѓуле: Ријс Хофа (Сад) 23                 Фрлање диск: Сандра Перковиќ(Хр) 30