Франција
Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер
11.10.2025 11:44
Лекорну доби задача да формира влада и да обезбеди усвојување на буџетот. Левицата не му дава поддршка, критикувајќи го за пензиската реформа.

Францускиот претседател Макрон повторно го назначи Себастијан Лекорну за премиер, и покрај неговата оставка и најавите дека ја завршил својата мисија.
Лекорну доби задача да формира влада и да обезбеди усвојување на буџетот. Левицата не му дава поддршка, критикувајќи го за пензиската реформа.
Социјалистите предупредуваат на можни предвремени избори, додека крајната левица и десница беа исклучени од консултациите.
