Трговска војна

Трамп најави нови царини за производи од Кина

11.10.2025 12:45

Новата ескалирачка мерка по месеци трговско примирје меѓу двете земји следува по одлуката на Кина да го ограничи извозот на ретки метали.

Американскиот претседател Трамп најави нови царини од 100 насто на кинеските стоки, покрај постоечките 30%, почнувајќи од 1 ноември.

Новата ескалирачка мерка по месеци трговско примирје меѓу двете земји следува по одлуката на Кина да го ограничи извозот на ретки метали.

Најавата предизвика пад на берзите. Како резултат на новите тензии средбата Трамп – Си Џинпинг останува неизвесна.

„Ова не е нешто што јас го иницирав. Ова беше само одговор на нешто што тие ни го направија нам и на целиот свет“, изјави Трамп.