САД

Разорна експлозија во фабрика во Тенеси

11.10.2025 10:52

Властите инцидентот го нарекоа еден од најразорните, додавајќи дека фабриката која снабдувала експлозиви за војската, активно работела во моментот на несреќата.

Најмалку 19 лица се водат за исчезнати и се стравува дека се мртви, откако во силна експлозија била срамнета со земја фабрика за експлозиви во руралниот дел на Тенеси.

Властите инцидентот го нарекоа еден од најразорните, додавајќи дека фабриката која снабдувала експлозиви за војската, активно работела во моментот на несреќата.

„Успеавме да потврдиме дека трагаме по 19 лица. Ова е веројатно една од најразорните глетки што сум ги видел во мојата кариера. Надлежните се обидуваат да откријат што всушност се случило за да ја предизвика оваа несреќа“, изјави Крис Дејвис, шериф на округот Хамфрис.

Причината сè уште е непозната, а истрагата може да потрае со денови.