Локални избори 2025

Националната алијанса за интеграција со активности во Куманово и Липково

11.10.2025 18:17

Кандидатите за градоначалници на Куманово и Липково од Националната алијанса за интеграција ги промовираа своите програми за поубави општини. Во Куманово ветија поефикасно образование, уредени училишни установи …

Националната алијанса за интеграција со активности во Куманово и Липково. Ги претставија кандидатите за градоначалници и советнички листи. Во Куманово Ајдини вети мерки за подобар и достоинствен живот. Ќе се залага за поефикасно образование, санирани објекти. Сите рече се соочуваат со проблеми.

„Скенирани се барањата на граѓаните на Куманово. Нашата програма е составена од 7 столбови. Од кои три се стратешки. Прва и најважна е образованието. Сите основни училишта бараат санација. Почнувајќи од Сопот, Романовце. Сите имаат проблеми со кровот, оградите и редици други. Средните пак се училишта филијали. И тие се во незавидна состојба, имаат професори, кадри, но не се независни. Ова прашање со или без Селвер, мора да се реши. Јас и мојата екипа со најголема одговорност, морална и политичка ви гарантираме дека по никоја цена нема да дозволиме да се маргинализираме на национална или социјална основа. Куманово има потреба да го води паметен човек. Граѓаните имаат 1001 проблем“, истакна Селвер Ајдини, кандидат за градоначалник на Куманово од НАИ.

Лидерот на ДУИ рече дека целта на националната алијанса за интеграција, е да се биде дел од европската заедница.

„Ние сме мисионерска сила, не оние кои останати само за тендери на другата страна. Ги познавам и жал ми е за нивните манипулирани гласачи, кои мислеле ќе прават промени. Сега народот вели ние гласавме за промени, а не за почитување. Со вашите гласови ќе бидеме победници. Ако се мобилизирате во Куманово ќе поминете и во вториот круг, гласајте ја листата на НАИ за албанската гордост и достоинство“, нагласи Ахмети.

Во Липково проекти за поубава општина вети кандидатот за градоначалник Еркан Арифи.

Елена Георгиевска