Локални избори 2025

Левица во Битола на средби со граѓаните

11.10.2025 19:10

Под мотото „Народот сега“ синоќа пред Офицерскиот дом во Битола, Левица ги промовира своите програмски проекти и нагласи дека во првиот круг ќе го поддржат архитектот Зоран Николовски …

И со досегашните двајца советници во Советот, успеавме да реализираме еден дел од нашите проекти. Оваа програма е уште побогата со проекти меѓу кои имаме и приоритетни, кои се од витално значење за граѓаните, рече на народната средба во Битола носителот на листата за советници, Горан Велевски.

Смета дека со актуелниот рејтинг во Битола најмалку ќе го дуплираат бројот на освоени советнички места. Во првиот круг за кандидат за градоначалник ќе го поддржат независниот кандидат, архитектот Зоран Николовски.

Во присуство на лидерот Апасиев, беа промовирани и останатите кандидати за советници кои низ непосредна средба имаа можност да поразговараат со битолчани.

Стевче Митревски