Џихадистите на ИСИС погубија заробен курдски војни
Радикалните џихадисти на Исламската држава погубиле уште еден затвореник на сличен начин како американскиот новинар Џејмс Фоли. Жртва овојпат бил заробен курдски војник, па му ја отсекле главата и снимката ја постирале на Интернет, пренесува Си-ен-ен. Снимката била направена пред џамија во ирачкиот град Мосул. Видеото е насловено „Порака до Барзани“, а се однесува на Масуд Барзани, претседател на ирачкиот Курдистан.

Исламската држава го предупредила Барзани дека „направил голема грешка кога се здружил со Американците“. Екстремистите се заканиле дека ќе погубат уште 14 курдски борци кои се во заробеништво доколку Курдите продолжат да соработуваат со САД. Пораката од арапски е преведена и на курдски јазик. За да докажат дека нивните закани не се празни, во почетокот на снимката тие ги прикажале останатите 14 Курди што ги заробиле. Сите биле облечени во портокалови комбинезони, исто како американскиот новинар Џејмс Фоли. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД сеуште немаат стратегија за соочување со Исламската држава во Сирија. Тој истакна дека се разгледуваат повеке опции. Додаде дека наскоро ќе го испрати Државниот секретар Џон Кери на Блискиот Исток за да разговара за тоа со регионалните партнери.