Локални избори 2025
Димитриевски најави изградба на нов плоштад во Куманово
11.10.2025 18:53
Во рамките на програмата, Димитриевски вели, предвидени се и проекти за намалување на сообраќајниот метеж во градот.

Движењето ЗНАМ продолжува со предизборната кампања за локалните избори. Кандидатот за градоначалник на Општина Куманово, Димитриевски најави изградба на нов плоштад во градот. Вели, подготвен е да го реализира овој голем проект доколку повторно ја добие довербата на граѓаните.
Во рамките на програмата, Димитриевски вели, предвидени се и проекти за намалување на сообраќајниот метеж во градот.
Движењето ЗНАМ на овие избори излегува со свои кандидати за градоначалници во Куманово и во Центар, а советнички листи имаат во повеќе општини.
Маја Стојанова
