„Искуство за успех“ со проекти за Ѓорче Петров
Поврзување на руралниот дел од Ѓорче Петров со градот, ново зеленило, паркинг и чистење на коритото на Лепенец најавува Ивица Тодоровски, носител на листа за советници во Совет на општина Ѓорче Петров од коалиција „Искуство За Успех“ …

Поврзување на населбите Даме Груев, Волково, Кисела Јабука и Ново Село во општина Ѓорче Петров преку надвозник или подвозник, со останатиот дел од Град Скопје се дел од предизборните ветувања на носителот на листа за советници во Советот на општина Ѓорче Петров од коалицијата „Искуство за успех“, Тодоровски.
Загадениот воздух, лошото управување со отпадот, нефункционалниот јавен превоз, урбаниот хаос со дивоградби и застарената инфраструктура се најголемите предизвици за кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за Скопје“, Александар Трајановски.
Смета дека ова не се само технички, туку и системски проблеми кои бараат визија, план и континуирана работа.
Александра Велинова
