Владите од регионот со внимание го следат проектот за отпис на долговите
Медиумите и владите од земјите во регионот со големо внимание го следат текот на македонскиот проект за еднократен отпис на долгови, што официјално почна да се реализира кон средината на август. Последните информации од Црна Гора говорат дека власта сериозно размислува од нас да го преслика целиот концепт. Мерката носи поволни економски ефекти и на индивидуален и на колективен план, иако во прв ред е социјална, велат економистите од регионот.

И хрватска се реши за сличен модел. Се проценува дека ќе им се излезе на помош на повеќе од 70 илјади граѓани, иако бројот на оние со блокирани сметки е многу поголем. Државата воведе строги критериуми кои треба да ги елиминираат сите обиди за манипулација. Моделот функционира на тој начин што банките им го отпишуваат долгот на граѓаните, а државата за тој износ им ја намалува основицата за оданочување. Според јунските податоци на хрватската финансиска агенција, во државата им се блокирани сметките на речиси 317 илјади граѓани, а долговите ја надминале сумата од 3 ипол милијарди евра.