МВР
Приведен крадец во Велес, баран за издржување затворска казна од 18 месеци
11.10.2025 15:26
Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово...

Вчера во 13:00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го приведоа А.К.(43) од с.Горно Оризари, велешко, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
