Наградата „11 Октомври“ – патоказ за идните генерации
Ајдини Легени, Димовска, Јанкоски, Димитров и Јовановски добија признание за животно дело во дејности од јавен интерес. Во Собранието доделена државната награда „11 Октомври“ …

Актерката Теута Ајдини Легени, Летка Димовска, хорски диригент и Иво Јанкоски продуцент се добитници на државната награда „11 Октомври“ во областа на културата и уметноста. Со својот богат опус посветен на македонското културно наследство, тие дадоа непроценлив придонес за репрезентација на македонската култура во светот- посочи претседателот на одборот за доделување на наградата.
Лауреати на ова највисоко признание за животно дело во областа на науката и образованието се проф. д-р Константин Димитров, машински инженер, и академик Глигор Јовановски, хемичар. Наградата „11 Октомври“ е патоказ за идните генерации, вели Димитров.
Ова признание прв пат е доделено во 1959 година.
Марина Стојанова-Тонева
