Европска унија

Стартува системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

11.10.2025 20:24

Моделот на проверката е наменет за зајакнување на безбедноста на границите поради заштита од илегална миграција и од терористички напади, пишува во соопштението на Европскиот совет.

Од утре Европската унија на своите граници го воведува новиот влезно-излезен систем на регистрирање на патниците кои не се жители на блокот. Со системот во 29 држави на Шенген зоната ќе се регистрираат дигитално податоците од патните исправи, отпечатоците и биометриските фотографии. Собраните податоци ќе бидат важечки во наредните три години.

Моделот на проверката е наменет за зајакнување на безбедноста на границите поради заштита од илегална миграција и од терористички напади, пишува во соопштението на Европскиот совет.

Системот во некои земји од Унијата ќе се воведува последователно во наредните шест месеци и ќе стане целосно оперативен на 10-ти април 2026-та.

Единствените неевропски државјани на кои не се однесуваат новите правила се граѓаните на Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.